АКТИВНОСТИОСТАНАТО

Регионална средба на дипломирани студенти на Европскиот центар за безбедносни студии Џорџ Маршал

Европски центар за безбедносни студии Џорџ Маршал, Гармиш-Партенкирхен, Германија, 18-22 јуни 2018 година

 

Во периодот помеѓу 18 и 22 јуни 2018 година во Гармиш-Партенкирхен, Германија, се одржа регионална средба на дипломирани студенти на Европскиот центар за безбедносни студии Џорџ Маршал на којашто 5 алумнисти од Република Македонија беа поканети да земат активно учество.

Фокусот на регионалната средба беше ставен на активностите на дипломираните студенти на Маршал центарот во последните 25 години од неговото постоење како и на потенцијалот на алумнистите преку заедничка работа да дејствуваат во насока на решавање на современите безбедносни предизвици во регионот. Рефлективната средба на алумнисти имаше  цел да се разменат мислења за најсериозните безбедносни прашања во регионот како и да се предложат, продискутираат, иницираат и развијат специфични предлози за справување со безбедносните закани на национално и регионално ниво. Воедно, преку навраќање на минатите искуства од Маршал центарот, средбата имаше цел да пружа поголема поврзаност и вмрежување помеѓу самите алумнисти и да ги мотивира за нивна поголема вклученост и ангажираност во активностите на Маршал центарот.

Присуството на регионална средба беше од исклучително значење за ревитализација на мрежата на алумнисти кои работат во различните безбедносни структури во регионот како и за одржување, обновување и развивање на знаењата околу најважните безбедносни. Активното учество во пленарните сесии и групите за дискусија допринесе за зголемување на знаењата на македонските претставници на средбата за горенаведена проблематика и претставува дополнителен поттик за уште позасилен ангажман на здружението на алумнисти на Маршал центарот од Република Македонија.

180619-d-dm356-0287
35533781_10102409256282905_4362174540520882176_n
35671571_10102409213832975_2913999460520427520_n
35756907_10102409251073345_9067349464267620352_n
35784749_10102409213967705_262520293895962624_n
35792902_10102410284003345_1543299186743574528_n
35882925_10102410284806735_5394337589287190528_n
Please follow and like us:
0