КОНФЕРЕНЦИИФОРУМИ

10 годишнина: “Охридски безбедносен форум“ во организација на Асоцијацијата на дипломирани студенти од Џоррџ К. Маршал

Безбедносниот форум на дипломираните студенти на Маршаловиот центар за безбедносни студии започна и се одвиваше од 26-29 Август во Охрид, Северна Македонија. Ова беше 10-годишнината кога безбедносните партнери од Западен Балкан се собраа да разговараат за безбедносните предизвици и да најдат решенија за актуелниот геополитички пејзаж, со поддршка на Европската команда на САД (EUCOM) НАТО, и Одделението за Јавна Дипломатија на НАТО.

Ден 1: На форумот имавме задоволство да присуствува амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мари Бирнс и германската амбасадорка во Северна Македонија, Анке Холштајн кои се обратија на форумот за безбедност #GCMC заедно со директорот на Маршал центарот Баре Сегуин и ја поставија сцената за моќни разговори кои беа фокусирани на безбедносните предизвици на #Западен Балкан и потенцијалните решенија. Овие дискусии се случуваат во критично време во променливо безбедносно опкружување во Европа, #руската инвазија на Украина и силниот трансатлантски одговор на руската агресија.

 “Принципот на единство и блокирањето на Русија се големи предизвици со кои мораме да се соочиме во иднина. Тоа се прашања за кои сите разговараат. РС Македонија има важна улога во одржување на мирот. Со зачленувањето во НАТО пред две година и со кандидатскиот статус од 17 години, првите чекори на овој тежок пат кон ЕУ се гледа напредок. Важно е сега да се стекне повторно довербата кај народот во ЕУ. Може да не гледате како партнери, но исто така и како обезбедувачи на безбедност мораме да се соочиме со ризиците кои се пред нас како што се војната, промената на климата, пандемијата. Со заеднички сили можеме да ја поддржиме Украина и да се бориме”, истакна германската амбасадорка.

Германска амбасадорка Анке Холштајн

Ден 2: Имаше увид за моменталната ситуација на #Западен Балкан и како овие активности би можеле да влијаат на евроатлантската интеграција на регионот од безбедносна перспектива. Дискусиите ја вклучија важноста на #родовата еднаквост во целокупната безбедносна средина. На тој форум пред експертите се обрати г-ѓа Славјанка Петровска, актуелниот министер од Министерството за одбрана на Северна Македонија и испрати мотивирачка порака на земјите од западен балкан со осврт кон потребата за поврзување на земјите и заедничко пробивање кон патот на успехот.

“Потребно е и продолжување на блиската соработка на НАТО и ЕУ, и уште поактивен ангажман во регионот. И НАТО и ЕУ, сојузниците и земјите-членки, треба да најдат иновативен начин за да помогнат во затворањето на преостанатите отворени прашања меѓу земјите во овој дел на Европа. Сега, повеќе од кога било, евроатлантската и ЕУ интеграцијата на регионот треба да се гледа како алатка за подобрување на безбедноста и консолидирање на стабилноста на овој дел од Европа и пошироко. Целосно интегрираниот Западен Балкан ќе ја направи Европа посилна“ – потенцираше Петровска.

Министер за одбрана Славјанка Петровска

Ден 3: Се обработуваа жешки теми во Охрид: Првенствено За состојбата на сајбер безбедноста и како да соработуваме меѓусебно за да формираме посилна #мрежа за подобрување на регионалните сајбер партнерства. како што изјави Директорот на Маршал Центар “Подобрата сајбер безбедност ни користи колективно“.

На маргините на затворањето на Форумот, министерката Петровска оствари средба со Директорот на европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал”, пензионираниот генерал Баре Сегуин, на која беше потенцирана важноста на интегрирање на земјите од Западен Балкан во ЕУ, со цел зајакнување на стабилноста на Европа, но и заедничко спротивставување на безбедносните предизвици кои во моментов најчесто се последица на дезинформациите, хибридните закани и сајбер нападите од страна на трети земји.

Безбедносниот форум е спонзориран од Алумни програмите на Европскиот центар за безбедносни студии „George C. Marshall”, Алумни асоцијацијата на Маршал центарот на Северна Македонија и НАТО – Одделот за јавна дипломатија, чија цел е размена на искуства и идеи за зголемена безбедност и сигурност на регионот и пошироко.

Клучни заклучоци: Земјите од Западен Балкан треба да го задржат стратешкиот фокус покрај регионалните случувања.

Please follow and like us:
0