АКТИВНОСТИ

 

Активности на Здружението се:

  • Учество и поддршка на активностите на Маршал Центарот чија цел е јакнење на мирот, стабилноста и просперитетот во регионот;
  • Изнаоѓање начини за ефективна употреба на експертизата стекната во Маршал Центарот во сферата на меѓународната соработка и националната безбедност, како и развојот на демократските институции;
  • Учество во развојот на стабилен систем на национална и регионална безбедност;
  • Учество во активностите на државните институции на Република Македонија за приближување и влез во Евро-Атланските интеграции;
  • Остварување и развивање на контакти, соработка и размена на искуства со дипломираните студенти од Маршал Центарот од различни земји и региони;
  • Популаризација и ширење на принципите на Маршал Центарот и примена и пренесување на стекнатото знаење од оваа институција во сите сфери на опшествениот живот во Република Македонија;
  • Други активности во согласност со целите и задачите на здружението.