ПРЕТСЕДАТЕЛ

Др. Стојан Славески

Претседател на Маршал Центар – Република Македонија

Области на експертиза: реформи во безбедносниот сектор, решавање конфликти, верски екстремизам, регионална безбедност, национална безбедност и евроатланска интеграција.

Професионална кариера:

Докторирал во областа на одбраната и мировните студии.

Пред да стане член на тимот на Европски универзитет, беше професор на Воената академија во Скопје, директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, и служеше како воен офицер во Армијата на Република Македонија.

Објавени книги:

  • Националната безбедност на Република Македонија и евроатлантските интеграции,
  • Европската унија преку призмата на европската безбедност (коавтор),
  • Интересите на Република Македонија со членството во НАТО (коавтор),
  • Безбедносниот систем и идентитетот на современата македонска нација.

Неговите истражувања се објавени во многу домашни и меѓународни списанија.

Тој е еден од основачите и претседателот на Маршал Центарот – Алумни Асоцијацијата на Република Македонија. Здружението како невладина организација, е организатор на традиционалниот Маршал Центар безбедносниот форум во Охрид, Република Македонија.

Тој е член на Советот за безбедност и одбрана на Либерално-демократската партија во Република Македонија.