ЧЛЕНСТВО

 

Членството во Здружението може да биде:

 

Со активно членство  се стекнуваат државјаните на Република Македонија кои се стекнале со диплома од Европскиот Центар за безбедносни студии “Џорџ K. Маршал“  и доброволно пристапиле кон Здружението на начин како што е пропишан со Статутот.

Активните членови  имаат активно и пасивно бирачко право и може да бираат и да бидат бирани во органите и телата на Здружението.

 

Со асоцијативно членство се стекнуваат  државјани на Република Македонија кои не се дипломирани студенти на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ K. Маршал“, но доброволно пристапиле  кон Здружението на начин како што е пропишан со Статутот, а се согласуваат со неговите цели , задачи и активности.

Овие членови имаат активно и пасивно бирачко право и може да бираат и да бидат бирани во органите и телата на Здружението, освен на функциите претседател, заменик претседател и секретар на Здружението.

 

Со почесно членство, на предлог на Советот на Здружението, и со одлука на Собранието се стекнуваат лица кои дале  придонес во развојот и имплементацијата на целите и задачите на Здружението.

 

Граѓаните кои ги исполнуваат условте за членство,  доброволно ја изразуваат својата волја да бидат членови на Здружението со потпишување на пристапница.

На овие лица по нивното пристапување им се издава членска книшка.

Здружението за своите членови води регистар на членство, кој се ажурира најмалку еднаш годишно.

Членството во Здружението престанува од следните причини :

  • доброволно истапување од здружениетo,
  • неплаќање на пропишаната члeнарина, и
  • вршење на активности и дејности кои се спротивни со целите, задачите и активностите  на Здружението и кои му штетат на неговиот углед и реноме.