ЦЕЛИ

Цели на Здружението се:

  • Да се пренесат и имплементираат знаењата и искуствата стекнати во текот на школувањето во Европскиот центар за безбедносни студии Џорџ K. Маршал;
  • Да се промовираат мотивирачките идеи за основањето на Маршал Центарот во сферата на националната и меѓународната безбедност;
  • Ангажирање во реформите на безбедносниот систем на Република Македонија за прашања за кои поседува стручна експертиза;
  • Да се изнајдат начини и можности за спречување на појавување или разрешување на кризи и конфликтите од религиозен, меѓуетнички или социјален карактер; и
  • Да се придонесе во развивањето на демократијата и демократските институции во Република Македонија.
0