Најава за настан

„СТРАТЕГИСКИ КОМУНИКАЦИИ И ЕВРОАТЛАНТСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ: ИМПЛИКАЦИИ ЗА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН“

Алумни-асоцијацијата на Центарот „Џорџ Маршал“ од Република Северна Македонија, со поддршка на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“ од Германија,  Одделот за јавна дипломатија на НАТО и  Одбранбениот колеџ на НАТО од Рим, ќе организираат безбедносен форум на тема „Стратегиски комуникации и евроатлантскте интеграции: импликации за земјите од Западен Балкан“. Форумот ќе се одржи во Охрид во периодот од 23-27 август. Најавено е учество на голем број реномирани експерти од областа од земјата, од регионот и пошироко. Целта на овогодинешниот форум е да се споделат искуства и добри практики во однос на темата на форумот, фокусирајќи се на хибридните закани и справувањето со лажните вести, дезинформациите, малициозната пропаганда, стратегиската комуникација, хуманата безбедност, борбата со современиот тероризам, екстремизам и радикализам, во насока на креирање на соодветни механизми и стратегии за надминување на проблемите во безбедносниот сектор имплицирани од појавата на овие современи безбедносни закани.