5-та Годишна конференција на Маршал Центар Алумни Асоцијацијата за Безбедност на Југоисточна Европа (MCAASEES)
26 – 28 септември 2017, Љубљана, Словенија
Развој на регионалните безбедносни структури во Југоисточна Европа
Општи цели:
- Зголемување на свеста и разбирањето на регионалните безбедносни прашања и како алумни асоцијаиите можат да да дадат придонес во регионот.
- Подобрување на регионалната соработка во Југоисточна Европа и соседните држави преку регионалната алумни асоцијација како алатка за споделување и дискутирање за безбедносните прашања кои се заеднички за целиот регион.
- Да се разгледат тековните и новите безбедносни и одбранбени закани кон Југоисточна Европа и да се изработат регионални и национални препораки за ефективно спречување на овие закани со цел да се постигне долгорочна безбедност и стабилност на Балканот.
- Спроведување формален деловен состанок на Здружението и дискутирање за постигнатите резултати, научените лекции и планираните активности за следната година.
Дискутирани теми:
- Преглед на регионалните безбедносни тела на ЈИЕ;
- Проценка на терористичката закана за земјите и регионалните против терористички aктивности на Западен Балкан;
- Работилница за меѓуагенциска соработка;
- Информации за резидентните и нерезидентни програми на Маршал Центар и за Југоисточна Европа за 2017-2018;
- Маршал Центар Национални алумни асоцијации: научени лекциии и најдобри практики;
- Приоритети на Словенија за Западен Балкан / Словенија како претседател на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) 2017-2018 година;
- Презентација за НАТО активност реализирана во Македонија : НАТО И ЕУ соработка во проектирање на стабилност на Западен Балкан, 25-29 август 2017 година, Охрид, Македонија;
- Избор на претседател и заменик-претседател на MCAASEES за 2018 година.
Документи: