ЧЛЕНСТВО

Член на Здружението може да биде секој граѓанин, државјанин на Република Македонија, кој се стекнал со диплома од Центарот за безбедносни студии Џорџ K. Маршал  и кој доброволно ќе пристапи кон Здружението, а се согласува со неговите цели и задачи.

Член на Здружението може да биде и секој граѓанин, државјанин на Република Македонија, кој се согласува со целите и задачите на Здружението и доброволно ќе пристапи кон Здружението.

 

Членството во Здружението може да биде:

 

 Со активно членство  се стекнуваат државјаните на Република Македонија кои се стекнале со диплома од Европскиот Центар за безбедносни студии Џорџ K. Маршал  и доброволно пристапиле кон Здружението на начин како што е пропишан со овој Статут.

Активните членови  имаат активно и пасивно бирачко право и може да бираат и да бидат бирани во органите и телата на Здружението.

 

 Со асоцијативно членство се стекнуваат  државјани на Република Македонија кои не се дипломирани студенти на Европскиот центар за безбедносни студии Џорџ K. Маршал, но доброволно пристапиле  кон Здружението на начин како што е пропишан со овој Статут, а се согласуваат со неговите цели , задачи и активности.

Овие членови имаат активно и пасивно бирачко право и може да бираат и да бидат бирани во органите и телата на Здружението, освен на функциите претседател, заменик претседател и секретар на Здружението.

 

Со почесно членство, на предлог на Советот на Здружението, и со одлука на Собранието се стекнуваат лица кои дале  придонес во развојот и имплементацијата на целите и задачите на Здружението.

0