MCAASEESАКТИВНОСТИКОНФЕРЕНЦИИ

II конференција на регионалното здружение на дипломирани студенти од центарот за безбедносни студии Џорџ Маршал

II KОНФЕРЕНЦИЈА НА РЕГИОНАЛНОТО ЗДРУЖЕНИЕ НА ДИПЛОМИРАНИ СТУДЕНТИ ОД ЦЕНТАРОТ ЗА БЕЗБЕДНОСНИ СТУДИИ ЏОРЏ МАРШАЛ:

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА РЕГИОНАЛНОТО ПАРТНЕРСТВО ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Делегација на Претседателството на Здружението на дипломирани студенти од Центарот за безбедносни студии Џорџ Маршал во состав др. Стојан Славески, претседател на здружението, м-р Вилма Петковска, потпретседател и м-р Митко Саралиев, генерален секретар, присуствуваа на II Конференција на Регионалното здружение на дипломирани студенти од Центарот, која во периодот од 13-17 јуни, 2011 година се одржа во Гармиш-Партенкирхен.

Агендата на конференијата, на која присуствуваа преставници од 14 национални асоцијации (Aлбанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Црна Гора, Македонија, Молдавија, Косово, Романија, Словенија, Србија, Турција и Украина), беше насочена кон:

  • зголемување на перцепцијата и разбирањето на регионалните безбедносни предизвици и начинот на кој регионалната асоцијација ќе може да влијае на нив;
  • подобрување на регионалната соработка преку етаблирање на регионалната асоцијација како форум за дискусија и размена на мислења за заедничките безбедносните предизвици;
  • дискусија за финалната верзија на Повелбата за формирање на Регионална асоцијација на дипломирани студенти од Центарот за безбедносни студии Џорџ Маршал, со посебен осврт на нејзините цели, организациска структура, план за комуникација,стратегија за маркетинг и финансирање и годишни активности;
  • прогласување на формалното почнување со работата на регионалната асоцијација со избор на првото ротирачко претседателство и свечено потпишување на Повелбата од страна на претседателите на националните здрженија.

Со консензус се одлучи во периодот јануари-декември 2012 година со регионалната асоција да претседава Црна Гора, а заменик претседавач да биде Република Македонија. Преку принципот на ротација, националната асоцијација на Република Македонија ќе претседава во текот на 2013 година.

Во рамките на конференцијата, др. Стојан Славески имаше излагање за досегашната работа и планирани идни активности на Македонската алумни асоција, додека м-р Вилма Петковска ја претстави кандидатурата на Република Македонија за член на ротирачкото претседателство.

Документи: