Регионална средба на дипломирани студенти на Европскиот центар за безбедносни студии Џорџ Маршал
Европски центар за безбедносни студии Џорџ Маршал, Гармиш-Партенкирхен, Германија, 18-22 јуни 2018 година
Во периодот помеѓу 18 и 22 јуни 2018 година во Гармиш-Партенкирхен, Германија, се одржа регионална средба на дипломирани студенти на Европскиот центар за безбедносни студии Џорџ Маршал на којашто 5 алумнисти од Република Македонија беа поканети да земат активно учество.
Фокусот на регионалната средба беше ставен на активностите на дипломираните студенти на Маршал центарот во последните 25 години од неговото постоење како и на потенцијалот на алумнистите преку заедничка работа да дејствуваат во насока на решавање на современите безбедносни предизвици во регионот. Рефлективната средба на алумнисти имаше цел да се разменат мислења за најсериозните безбедносни прашања во регионот како и да се предложат, продискутираат, иницираат и развијат специфични предлози за справување со безбедносните закани на национално и регионално ниво. Воедно, преку навраќање на минатите искуства од Маршал центарот, средбата имаше цел да пружа поголема поврзаност и вмрежување помеѓу самите алумнисти и да ги мотивира за нивна поголема вклученост и ангажираност во активностите на Маршал центарот.
Присуството на регионална средба беше од исклучително значење за ревитализација на мрежата на алумнисти кои работат во различните безбедносни структури во регионот како и за одржување, обновување и развивање на знаењата околу најважните безбедносни. Активното учество во пленарните сесии и групите за дискусија допринесе за зголемување на знаењата на македонските претставници на средбата за горенаведена проблематика и претставува дополнителен поттик за уште позасилен ангажман на здружението на алумнисти на Маршал центарот од Република Македонија.