Marshall Center Alumni Вебинар

31 Март 2021 година 

Настан – Вебинар на Маршал Центар, Алумни Асоцијација, 31март 2021 година од 10:00 – 13:00 часот организиран од алумни програмите на Центарот за безбедносни студии Џорџ Маршал, Гармишпартенкирхен во соработка со Здружението на алумни на Маршал Центарот во Република Северна Македонија.

Темата на настанот  беше фокусирана на “РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЕДНА ГОДИНА ПОЛНОПРАВНА ЧЛЕНКА НА НАТО” во оригинал “REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA ONE YEAR FULLY-FLEDGED NATO MEMBER” (online webinar).

Со овој настан Здружението на алумни на Маршал Центарот во Република Северна Македонија учествува во одбележување на настаните по повод една година полноправно членство во НАТО.

Клучни воведни обраќања имаа: министерката за одбрана на РСМ, г-ѓа Радмила Шеќеринска, амбасадорката на САД (г-ѓа Кејт Мери Бернз), и Анке Холштајн, амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија.

Министерката за Одбрана Радмила Шеќеринска истакна дека веќе сме рамноправен партнер во алијансата со значајно учество во мисиите предводени од НАТО. Воедно нагласи дека тоа што сме дел од НАТО алијансата не е само бенефит за армијата туку и е и дополнителен импут за стабилноста на другите институции во државата како и за привлекување на инвестиции во областа на економијата.

Американската амбасадорка  г-ѓа Кејт Мери Бернз ја истакна поддршката на САД на реформските напори на Република Северна Македонија. Сепак потребни се понатамошни напори во тој поглед.

Г-ѓа Анке Холштајн, амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија ја потврди поддршката на Сојузна Република Германија во понатамошните чекори за членство во ЕУ.

Како клучни говорници на панелите покрај професорите од Џорџ Маршал Центарот (Метју Роудс, и Фриц Радемахер беа: г-дин Зоран Попов, државен секретар од Министерството за Надворешни работи на РСМ и полк. Круме Велков, висок воен претставник од делегацијата на РСМ во НАТО.

Клучна порака од настанот: Сега сме членка на НАТО, следниот чекор е членството во ЕУ.