Дипломираните студенти земаат активно учество во реформскиот процес на одбраната и безбедноста

Министерството за одбрана, во соработка со Евроатлантскиот совет оствари средба и најави соработка со претставници на граѓански здруженија како значаен синџир во креирањето на јавни политики и отчетно владеење. Дипломираните студенти од Маршал Центарот за безбедносни студии земаат активно учество во креирањето политики во безбедноста и одбраната како и реформскиот процес. Со оваа средба, Министерството за одбрана отпочнува процес на консултативен дијалог со засегнатите страни за спроведување на актуелниот процес на реформи во одбраната и безбедноста како основа за користење на сите ресурси во креирањето на јавните политики. Според, Министертсвото за одбрана, нашето општество има нужна потреба за конструктивна атмосфера за важни прашања кои ја детерминираат безбедноста и стабилноста на нашата земја и регионот.

за повеќе информации погледнете во видеото:

Please follow and like us: