ПРОГРАМСКИ ДИРЕКТОР

Љубица Пендароска

Програмски Директор, Маршал Центар Безбедносен Форум

Љубица е Магистер по Меѓународно право, со изразен интерес и посветеност на прашањата поврзани со Меѓународните односи и Евро-Атлантските интеграции. Во декември 2006 година, таа успешно го положила Правосудниот испит. Мошне активно го поддржува пристапувањето на Република Македонија во меѓународните организации преку значајно учество во неколку истакнати организации, вклучително и како Потпретседател на Јадранскиот Совет, Официјален преставник и кореспондент на НАТО Меморијал Федерација за Република Македонија, член на Советот на Маршал Центар – Република Македонија, член на Евро-Атлантски Совет и Мрежата за сајбер безбедност.

Нејзината кариера постепено се развива, почнувајќи со Програмата за практиканти во Собранието на Република Македонија, преку академската средина, како Асистент на Факултет за правни науки и Правен советник на Универзитет за информатички науки и технологии. Следствено на многубројните ангажмани во различни меѓународни проекти, главно имплементирани во рамки на програмите на Европската Унија, Љубица се профилирала во Експерт за приватност и заштита на лични податоци како човекови права. Нејзиното знаење и искуство се збогатени и продлабочени преку повеќе истакнати школи и обуки, како на пример Школата за политички студии на Советот на Европа, Програмата „Преговарачки тимови за ЕУ“, НАТО Напредни курсеви за обука и др.

Од септември 2017 год., Љубица е ангажирана како Експерт за заштита на податоци и приватност во УНИЦЕФ, Регионална канцеларија за Европа и Централна Азија.

Целосен профил:

https://www.linkedin.com/in/ljubica-pendaroska-70275b4/