Маршал Центар Безбедносен Форум 2018 година
Безбедносен форум – Маршал Центар
Транснационални Безбедносни Закани: Регионален и Национален Придонес во Регионалната Безбедност
17-21 септември 2018, Охрид, Македонија
Изразената заложба за интеграција во евроатлантските структури и зголемениот број на безбедносни предизвици кои неизбежно влијаат на земјите од Западен Балкан, ја наметнуваат потребата за заедничка дебата по однос на двете прашања преку организирање на регионална платформа за дијалог. Со оглед на фактот дека на Република Македонија и недостига таков настан, а во духот да се следат позитивните примери од регионот, НВО Маршал Центар Македонија се подготви да ја прошири својата традиционална годишна активност која се реализира во формат на Форум и да понуди оригинален “peer-to-peer” модел на дискусија, анализирање и оценување на променливиот безбедносен амбиент од регионална и евроатланска перспектива. Со организирањето на еден таков поголем настан, Маршал Центарот Македонија се обидува да влијае на поширокото јавно мислење за постигнување на евроатлантските цели и сензибилизирање на јавноста за транснационалните безбедносни предизвици.
Преку дискусиите на различни теми од областа на безбедноста, како што се борбата против тероризмот, организираниот криминал, миграцијата, корупцијата, енергетската безбедност, сајбер и хибридните закани, овој тридневен Форум се осврнува на прашања од заеднички интерес за земјите од Западен Балкан вклучително и регионалните напори за борба против новите безбедносни предизвици. Притоа, освен националната и регионалната димензија на борбата против транснационалните безбедносни закани, Форумот ги претставува и европските и евроатлантските аспекти за безбедносните ризици и закани.
Форумот има јасна цел да создаде растечка и одржлива мрежа на луѓе кои се занимаваат со безбедносни и / или евроатлантски интегративни перспективи на регионот. Со организирање јавни дебати поделени во панели, како и со отворени дискусии, овој мултинационален настан ги зајакнува процесите на евроатланска интеграција и ја зајакнува соработката и дијалогот за безбедносните прашања меѓу владите, граѓанските организации и академијата. Крајната цел на овој регионален проект е да развие висококвалитетна дискусија помеѓу учесниците, да овозможи дебата која е предизвик на кој треба да се размислува и да се анализираат транснационалните безбедносни закани во националниот, регионалниот и евро-атлантскиот контекст.
Маршал Центар Безбедносен Форум – Агенда
Презентации:
- Drew Beck – Connect, Communicate, Collaborate
- Giuseppe Morabito – From Humanitarian to Secuirty Threat
- Gojko Pavlović – Strategic and institutional capacity for preventing dorruption in BiH
- Goran Vasilevski – Countering Organized Crime and Corruption
- Ivica Simonovski – Implementation of Sanctions – Law on Restrictive Measures
- Jim Seroka – Adapting to a New Security Environment
- Krunoslav Antoliš – Combating Cyber Crime
- Marta Vujisic – Do we need a new approach in countering the old enemy
- Matthew Rhodes – Resilience and Hybrid Security Thtreats
- Metodi Hadji-Janev – Hybrid Security Threats
- Stanislav Raščan – Regional Security In The Western Balkans
- Stephanie Fenkart – Response to Emerging security Threats
- Vasko Shutarov – Countering Violent Extremism (CVE) in the Western Balkans