Маршал Центар Безбедносен Форум 2019 година

МАРШАЛ ЦЕНТАР АЛУМНИ БЕЗБЕДНОСЕН ФОРУМ, ОХРИД 2019

Стратегиски комуникации и евроатлантските интеграции: Импликации за земјите од западен балкан

23-27 Август 2019 година; Охрид, Северна Македонија

Во периодот од 24-26.08.2019 година во хотелот Метропол во Охрид се одржа ОХРИДСКИОТ БЕЗБЕДНОСЕН ФОРУМ на тема „стратегиски комуникации и евроатлантските интеграции: импликации за земјите од западен балкан“.  Организатори на настанот беа Одделението за јавна дипломатија на НАТО, Европскиот центар за безбедносни студии Маршал Центар – Гармишпартенкирхен, НАТО Колеџот во Рим   и невладината Маршал Центар од Република Северна  Македонија.

Форумот обезбеди одличен амбиент да се разговара за важни проблеми од доменот на одбраната  и претстави можност дипломираите студенти од Маршал центарот (алумни) да бидат носители на промени, кои работат заедно за решавање на современите безбедносни предизвици. Од 85 апликанти од седум земји, беа избрани 22 алумни за учество на настанот. Оваа бројка достигнуваше од 40-45 учесници на дневна основа, вклучувајќи ги и говорниците/предавачите.

Различни теми како контра-тероризам, радикализација, борба против лажните  информации, / дезинформација и безбедност на информации беа дискутирани и анализирани од различни перспективи и од различни функционери, практичари и академици. Покрај националната и регионалната димензија на спротивставување на новите форми на закани, Форумот ги истакна европските и евроатлантските аспекти на безбедноста.

Посебен акцент беше ставен на безбедноста на информациите и нејзините подкатегории како сегмент од суштинско значење во ерата на технолошко, дигиталната пролиферација на  информации.

На свеченото отварање се обратија:  Д-р Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија,  Г-ѓа Кејт Мари Бирнс, амбасадор на американската амбасада во Северна Македонија, Г-дин Ото Граф, ДКМ на Амбасадата на Федералната ребулика на Германија во Северна Македонија, Полковник Зоран Јанковиќ, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО Скопје.

Помеѓу предавачите имаше ценети професори од САД, РМ и други НАТО и земји аспиранти за членство во НАТО како и високи претставници од МНР, МВР и МО.

Презентации: